Top Sport

(Видео) Спарта со видео од Мистер Бин го прослави пласманот во ЛШ

Спарта Прага со две победи над Малме и вкупен резултат 4:0 избори пласман во главата фаза во Лигата на шампионите. Чешкиот тим по речиси две децении пауза се врати меѓу фудбалската елита.

Ждрепката за главната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи денеска од 18 часот во Монте Карло.

Последен пат во Лигата на шампионите, Спарта играше пред 19 години, во сезоната 2005/2006, кога освоија два бода во група со швајцарски Тун, Ајакс и Арсенал. Сè уште имаат серија од 14 натпревари без победа во Лигата на шампионите, 10 од нив се во низа, а последен пат славеа против Лацио на домашен терен со 1:0 во сезоната 2003/2004 година.

Спарта на интересен начин, на социјалните мрежи го прославија враќањето во ЛШ, со видео, кое всушност е исечок од долгометражен филм со популарниот лик Мистер Бин.

Scroll to Top