Top Sport

Колку вредат тимовите во ЛШ? Динамо и Црвена звезда се при дното

Фудбалскиот свет со нетрпение ја очекува ждрепката за Лигата на шампионите. Елитното натпреварување од оваа сезона ќе се игра во нов формат со 36 екипи. Ждрепката во Монте Карло ќе започне во 18 часот.

„Трансфермаркт“ го објави списокот на сите 36 клубови кои ќе играат во главната фаза од Лигата на шампионите, рангирани по вредноста на тимот.

Највредниот тим е Реал Мадрид, вкупната вредност на актуелниот шампион изнесува 1,34 милијарди евра, а потоа следат уште два клуба со вредност поголема од една милијарда евра. Тоа се Манчестер сити (1,27 милијарди евра) и Арсенал (1,2 милијарди евра).

Регионалните великани, Динамо Загреб и Црвена звезда се при дното на оваа листа. Хрватскиот шампион е на 32., а српскиот на 33.место. Зад нив се Јанг Бијс, Штурм Грац и Слован Братислава.

Scroll to Top