Ал Ахли во краток период активираше две „бомби“ на фудбалскиот пазар. Откако за 80 милиони евра го договори трансферот на Виктор Осимен, англиските медиуми објавија дека негов партнер во нападот ќе биде Ајван Тони од Брентфорд.
Ајван Тони со Ал Ахли ќе потпише три годишен договор, по сезона ќе заработува 18 милиони евра.
Англиските медиуми израчунаа дека месечно за платите на Осимен и Тони ќе треба да издвои 1,2 милиони евра. Осимен договори годипна плата од 40 милиони евра.
Според различни извори, Брентфорд како оштета за Тони ќе заработи помешу 42 и 48 милиони евра.
Ал Ахли сека има пеколен квартет во нападот, бидејќи од минатата сезона во тимот се Роберто Фирмино и Ријад Марез.
Ајван Тони започна во Нортемптон, од каде во 2015 година се пресели во Њукасл за само 360.000 евра. Сепак, тој експлодираше како играч во Лига 1, кога во две сезони постигна 49 гола, а таа серија ја продолжи во Брентфорд. Во сезоната 2020/2021, кога обезбедија промоција во Премиер лигата, Тони постигна 33 гола, потоа 14, а во сезоната 2022/2023. 21. Минатата сезона беше многу поскромна, поради суспензијата за нелегално обложување, играше само во вториот дел од сезоната кога постигна четири гола.
Беше дел од англиската репрезентација која го освои второто место на Европското првенство.