Top Sport

Најновото засилување на Арсенал се повреди по само три дена

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета денеска потврди дека Микел Мерино ќе мора да почека за своето деби.

Шпанецот потврди дека неговиот сонародник се здобил со незгодна повреда на рамото и ќе мора да паузира неколку недели.

„Тој заработи незгодна повреда на рамото и изгледа дека ќе мора да паузира неколку недели. Падна на земја, а потоа врз него падна Габриел, па дојде до фрактура”, изјави Артета.

Мерино пред три дена официјално стана играч на Арсенал. Реал Сосиедад од трансферот заработи 37.450.000 евра.

Освен на Мерино, Артета се уште не може да смета на Габриел Жесус, кој ќе биде подготвен по репрезентативната пауза.

Во првите две кола Арсенал забележа две победи против Вулверхемптон и Астон Вила, а во сабота од 13 часот и 30 минути го пречекува Брајтон.

Scroll to Top