Лионел Меси можеби го „украде“ шоуто со демолирањето на Тотенхем во средата, меѓутоа не смее да се заборави и фантастичната вечер на неговиот поранешен колега Нејмар.
Бразилецот постигна хет-трик за Пари Сен-Жермен да ја декласира Црвена звезда со 6:1, и како што налага традицијата, си ја понесе топката со која даде три гола дома. Тој не издржа и се пофали на Инстаграм заедно со својата девојка Бруна Маркезине, која го продолжува престојот во Париз.
Со овие три гола, Нејмар исто така го израмни и рекордот на Кака од 30 голови во Лигата на шампионите за еден Бразилец.