Top Sport

(Видео) Брајтон освои бод кај Арсенал

Арсенал и Брајтон одиграа 1:1 во првиот натпревар од третото коло во Премиер лигата.

Арсенал поведе во 38. минута кога Сака му асистираше на Хаверц, а Германецот го лобуваше голманот на Брајтон.

Само четири минути подоцна, Деклан Рајс доби жолт картон поради прекршок, а истиот играч пожолте и во 49.минута.

Со играч повеќе, Брајтон апсолутно домиираше, а го изедначија резултаот во 58.минута преку Жоао Педро.

По три рунди двата тима имаат по седум бода.

Scroll to Top