Top Sport

Партизан го продаде Салдања во Ференцварош

Фудбалерот на Партизан, Матуес Салдања кариерата ќе ја продолжи во Ференцварош.

Фради на ќе му плати на Партизан 5.000.000 евра и бонуси за трансферот на Салдања, со што ќе стане убедливо најскапиот играч во историјата на унгарскиот фудбал.

За Бразилецот наводно биле заинтересирани Хофенхајм, АЕК и клубови од арапските земји, но на крајот тој ќе игра во Будимпешта.

Се додава дека во нападот на црно-белите ќе дојде Лазар Романиќ од Железничар Панчево, чиј трансфер најверојатно ќе биде потврден во вторник.

Салдања, во црно-белиот дрес одигра вкупно 40 натпревари во две некомплетни сезони, а во 21 беше стартер.

На теренот мина 2.177 минути, постигна 21 гол, а во пет наврати асистираше.

Бразилецот во Партизан пристигна во јули минатата година од редовите на јапонскиот второлигаш Џеф Јунајтед, но како позајмен играч од азербејџански Нефчи, за кого на 20 натпревари постигна пет гола и една асистенција.

Scroll to Top