Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек во четвртфиналето го заврши своето учество на Ју-ес опен.
Шампионката од 2022 година беше поразена од домашната тенисерка Џесика Пегула со 6:2, 6:4.
Шестата тенисерка на планетата ја потврди одличната форма, ова е нејзина 14-та победа во последните 15 меча.
Пегула триумфираше во Торонто, додека во Синсинати, во пресрет на Ју-ес опен, во финалето загуби од Арина Сабаленка.
Таа одигра импресивно и на овој натпревар против Швионтек, со што и го нанесе четвртиот пораз во 10. меѓусебен натпревар.
Пегула од првиот поен најави во која насока ќе оди мечот. Со два брејка на почетокот си ја зголеми самодовербата, го доби првиот сет, а брејк направи и во раната фаза во вториот сет.
Швјонтек успеа да го врати брејкот, но повторно го загуби сервисот во маратонскиот седми гем со што Пегула и дефинитивно го скрши отпорот на противничката.
За влез во финалето ќе се бори со Каролина Мухова која ја совлада Беатриз Хадад Маија со 6,1, 6:4.