Top Sport

Неочекуван проблем за Милевски, двајца напаѓачи отпаднаа од списокот поради повреди

Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Торшван, каде в сабота против Фарски Острови ќе го отвори новиот циклус во Лигата на нации.

Пред заминувањето селекторот Благоја Милевски се соочи со неочекуванни проблеми. Од списокот отпаднаа напаѓачите Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Според информациите на двајцата им претстои пауза, што значи дека покрај дуелот во Торшван ќе го пропуштат и натпреварот со Ерменија, во вторник во Скопје.

Scroll to Top