Top Sport

Гризман. Бевме ужасни против Италија

Французите се разочарани од играта што ја прикажаа нивните најдобри играчи на натпреварот против Италија на стартот од Лигата на нации.

„Аѕурите“ сосема неочекувано победија со 3:1 во Париз.

Триколорите поведоа веќе во 14. секунда со голот на Баркола, но во преостанатиот дел од натпреварот Димарко, Фратеси и Распадори целосно го свртеа резултатот.

Еден од најискусните репрезентативци на Франција, 33-годишниот Антоан Гризман заигра по 136-ти пат во дресот на „триколорите“ и не памети вакво лошо издание.

„Ништо не беше во ред. Како репрезентација мора да продолжиме да работиме напорно и да го анализираме овој натпревар. Не бевме добри ниту во напад, ниту во пресинг, ниту во одбрана. Им честитам на Италијанците, овојпат беа подобри“, изјави Антоан Гризман за француските медиуми.

Во следниот натпревар, во понеделник на 9 септември Франција ја пречекува Белгија во Лион, додека истиот ден Италија гостува во Будимпешта против Израел.

Scroll to Top