Top Sport

Зидан објасни зошто никогаш нема да го води Јунајтед

Зинедин Зидан стави крај на новиот бран шпекулации дека се подготвува за работа во Манчестер Јунајтед.

Во последните денови шпанските медиуми пишуваа дека Зидан е на мета на клубот од „Олд Трафорд“, во случај Ерик тен Хаг да добие отказ.

Зидан во интервју за „Лекип“ објасни зошто нема да може да ги преземе „црвените ѓаволи“.

Тоа е, како што рече, „јазична бариера“.

„Дали би сакал да одам во Манчестер Јунајтед? Разбирам англиски, но не го зборувам течно. Знам дека има тренери кои одат во клубови без да го зборуваат јазикот на таа земја, но јас работам на поинаков начин. Многу елементи треба да се наредат за да победите, тоа е глобален контекст. Јас знам што се е потребно за да се победува“, рече Зидан.

По напуштањето на кормилото на кралскиот клуб, поранешниот ас на Реал одби неколку примамливи понуди, меѓу кои и онаа на Баерн.

Тој е без работа од 2021 година, а претходно изјави дека би сакал да биде селектор на Франција.

Scroll to Top