Top Sport

Дубаи го потврди трансферот на Бертанс

Летонскиот кошаркар Давис Бертанс потпиша за новиот член на АБА лигата, Дубаи. Клубот од Обединетите Арапски Емирати, трансферот го потврди на социјалните мрежи.

Бертанс по осум сезони реши да ја напушти НБА лигата, откако по завршувањето на сезоната доби отказ од Шарлот Хорнетс.

Во текот на кариерата Бертанс играше за Олимпија, Партизан, Басконија, Вашингтон, Сан Антонио, Далас, Оклахома и Шарлот. Минатата сезона во НБА лигата по натпревар бечежеше по осум поени, два скока и една асистенција.

Со трансферот на Бертанс, тренерот Јурица Големац го комплетираше тимот за новата сезона. Пред Летонецот во Дубаи пристигнаа: Нејт Мејсон, Немања Дангубиќ, Ахмет Дувериоглу, Леон Радошевиќ, Авуду Абас, Данило Андушиќ, Клемен Препелиќ, Алекса Ускоковиќ, Тирди Равена, Џакори Вилијамс.

Дубаи ќе ја отвори својата дебитантска сезона во АБА лигата на 22 септември, кога во „Кока-Кола“, арена ќе гостува Црвена звезда.

Scroll to Top