Аргентина и Бразил се поразени во осмото коло, во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство. Оваа рунда ја обележаа репрезентативците на Боливија кои славеа победа во Чиле. За Боливија ова е прв гостински триумф во квалификациите по 31 година.
Бразил на последните пет натпревари забележа четири порази и една победа, над Еквадор во минатата рунда. Кариоките се наоѓаат на шестото место на табелата со скромни 10 бода.
Во Асунсион натпреварот го реши голот на 21-годишниот Диего Гомез во 20. минута.
Колумбија и се реванширасе на Аргентина за поразот во финалето на Копа Америка. Колумбијците славеа со 2:1 и се искачија на второто место на табелата.
Аргентина го диктираше темпото, но Колумбија постигна гол. Се играше во 25. минута, кога Џерсон Москера извонредно го следеше летот на топката и ја испрати со глава во мрежата.
Гаучосите израмнија на самиот старт од вториот дел, во 48. минута. Николас Гонзалес постигна одличен гол Во 53. минута се случи решавачки момент. Прекршок во шеснаесетникот на Аргентина, Колумбијците веднаш реагираа кај судијата, кој две минути подоцна ја прекина играта и тргна да ја провери снимката. Тој покажа на пенал во 57. минута, а Џејмс Родригез застана пред Емилијано Мартинез во 61. минута и го постави конечниот резултат.
Боливија победи во Сантијаго Де Чиле со 2:1 и го остави Чиле на претпоследната позиција речиси без шанси за пласман на Мундијалот. Еквадор го победи Перу со 1:0, а Венецуела и Уругвај одиграа натпревар без голови.
Инаку, шест првопласирани селекции од јужноамериканската зона ќе се пласираат на Мундијалот, додека седмата ќе оди во Интерконтиненталниот плеј-оф.