Top Sport

Пропадна трансферот на Рамос во Ботафого

Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Рамос одбил да ја продолжи кариерата во бразилски Ботафого. Рамос не бил задоволен од финансиската понуда.

Рамос (38) во моментов е без договор, стана слободен играч по завршувањето на сезоната кога му заврши соработката со Севилја.

Специјализираниот фудбалски сајт Гол наведува дека трансферот пропаднал бидејќи Ботафого не можел да ги исполни финансиските барања на Рамос.

Покрај за Севилја, Рамос настапуваше и за Реал Мадрид и Пари Сен Жермен. За шпанската репрезентација одигра 180 натпревари од 2005 до 2021 година и постигна 23 гола.

Scroll to Top