Top Sport

Видал: Селекторот на Чиле е идиот

Артуро Видал, поранешниот репрезентативец на Чиле, со жестоки критики „удри“ по селекторот Рикардо Гарека.

Еден од најдобрите играчи во историјата на Чиле, кој своевремено ги носеше дресовите на Баерн, Јувентус, Интер и Барселона, сега е фудбалер на Коло – Коло.

„Јас сум играч на најдобриот тим во Чиле, еден од 16-те најдобри во Јужна Америка, нормално е дека сум лут што не сум во репрезентацијата. Селекторот изгледа гледа само една лига на ТВ, а тоа е аргентинската. Тој идиот не го ни гледа Копа Либертадорес. Затоа упорно ги повикува истите играчи и нема резултати. Требаше одамна да им се заблагодари на многу луѓе, но не го прави тоа и намерно ги задушува младите таленти, на кои не им дава шанса“, изјави Видал.

Чиле неодамна загуби од Аргентина на гости, па од Боливија дома. Во квалификациите за Светското првенство имаат само пет бода и минимални шанси за пласман на планетарниот шампионат во 2026 година.

Scroll to Top