Top Sport

Мугуруза: Надал е подготвен да се пензионира

Во четвртокот Надал го откажа настапот на Лејвер купот во Берлин каде се очекуваше да го објави крајот на кариерата. Двократната Грен слем шампионка е убедена дека крајот на неговата кариера е близу.

Во изјава за „Tennis.com“, Мугуруза го анализираше случајот на Надал од нејзина перспектива. Таа се пензионираше во април годинава.

„Бев подготвена. Животот ми испраќаше сигнали во физичка смисла. Со нетрпение го очекував следното поглавје”, изјави Мугуруза.

„Тој е подготвен (за пензија) Неговото тело, ум, само сè…“, започна Габриње Мугуруза и додаде:

„Време е да ужива со своето дете. Го гледав како се смешка цело време додека беше со бебето. Се прашував зошто е уште на теренот. Нека си оди дома, нека се качи на бодот и нека оди во Мајорка. Даде се што можеше“, заклучи Мугуруза..

Scroll to Top