Top Sport

Гвардиола едвај чека да започне судењето против Манчестер сити

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, истакна дека едвај чека да започне судењето на неговиот клуб поради наводна финансиска проневера. Почетокот е закажан за понеделник, 16 септември.

Актуелниот англиски шампион се соочува со 115 обвиненија во периодот од 2009 до 2018 година. Доколку нешто се покаже како точно, на Сити му се заканува одземање бодови, а во најлош случај исфрлање од Премиер лигата.

Од клубот тврдат дека сè правеле според прописите, а Гвардиола се надева дека се ќе биде готово многу брзо.

„Мило ми е што се почнува и се надевам дека наскоро ќе биде готово. Толку многу се зборува и пишува. Секој е невин додека не се докаже вината. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави познатиот стручњак.

Сити има освоено осум од последните 13 титули во Премиер лигата, вклучувајќи четири по ред во последните четири години, односно шест во последните седум години.

Scroll to Top