Top Sport

Бенитез: Манчестер јунајтед слаби? Не ме зезајте

Менаџерот на Њукасл, Рафа Бенитез ги отфрли тврдењата дека неговиот тим ќе има полесна задача на „Олд Трафорд“ по сите проблеми и контроверзи кои го следат тимот на Манчестер јунајтед.

Тимот на Жозе Мурињо го има најлошиот старт на една сезона од 1989/90, за да се на 10. место во лигата со 10 поени, што придонесе да се зголемат шпекулациите за бунт во соблекувалната и за брзо отпуштање на Мурињо. Бенитез, кој има доволно искуство, вели дека не е така.

„Цело време кога сум во Англија, никогаш не сум наишол на кршлив Манчестер јунајтед. Никогаш не биле слаб тим. Гледам тим кој може да биде повисоко, но како и кај нас, прашање е на време. Тимовите кои трошат пари се на врвот, тие кои не трошат се блиску до дното“, ја објаснува Бенитез својата едноставна фудбалска филозофија.

И на Њукасл не му оди најдобро – тимот има пет порази во седум меча за да е во зоната за испаѓање, но Бенитез вели дека шпекулациите за кризен состанок не се вистинити.

„Немаше никакви посебни состаноци. Секако, сите се среќаваме на тренинзите. Ние сме тим кој зборува меѓу себе и во кој нема подвоеност. Потребни ни се само неколку добри денови“, вели Бенитез.

Scroll to Top