Top Sport

Надал: Федерер е најдобриот во историјата, но знам како да го победувам

Рафаел Надал признава дека Роџер Федерер може да се смета за најдобриот тенисер на сите времиња, и додава дека кога ќе се „судриш“ со легенда како него, мечевите се секогаш поинакви.

„Никогаш не е едноставно, посебно бидејќи кога играме еден против друг обично се работи за меч со голема важност за двајцата. Кога играм против Роџер можеби давам малку повеќе од против другите тенисери бидејќи играм со најверојатно најдобриот во историјата и бидејќи најважните мечеви во кариерата сум ги добил против него, а верувам дека е и обратно. Затоа, тоа е нешто поинакво“, вели Надал.

Сепак, Надал е еден од ретките тенисери на светот кој има убедливо позитивен скор против Швајцарецот – во 38 меѓусебни дуели, Надал победил 25 пати, а Федерер само 13.

„Тоа што се случи во минатото нема да ми помогне. Секој меч пишуваш нова историја и секој меч е поинаков. Меѓутоа, помага кога ќе знаеш дека си го победил претходно, но тоа не значи дека победата е гарантирана. Секој се сомнева самиот во себе и ако не е арогантен знае дека може да загуби во секој меч. Тоа е вистинскиот тенис“, додава Надал.

Scroll to Top