Top Sport

(Видео) Атлетико лесно се справи со Валенсија

Фудбалерите на Атлетико Мадрид на домашен терен ја победија Валенсија во натпреварот од петтото коло на шпанскиот шампионат со резултат 3:0 (1:0).

Избраниците на тренерот Диего Симеоне беа доминантни против последно пласираниот тим на табелата. Особено надмоќни домашните беа во првото полувреме кога во континуитет создаваа шанси.

Отпорот на Валенсија го скрши Конор Галагер во 39. минута. Поранешниот играч од средниот ред на Челзи го постигна својот деби голот за својот нов клуб по пристигнувањето во Шпанија,

Атлетико ја удвои предноста со голот на Антоан Гризман во 54. минута по асистенција на Самуел Лино. По еден час игра Атлетико го спушти ритамот, топката им ја препушти на противниците, кои до крајот не успеаја да се заканат кон голот на Облак.

Поранешниот напаѓач на Манчестер сити, Хулијан Алварез постигна гол во четвртата минута од судиското надополнување за конечни 3:0. И за Аргентинбецот ова е првиот гол во дресот на новиот клуб.

Scroll to Top