Top Sport

Маркез за „влакно“ пред Роси

Марк Макрез на Репсол Хонда ја освои пол-позицијата во пред утрешната трка за Големата награда на Тајланд. Актуелниот светски првак ја освои 50.пол-позиција во Мото ГП. Тој за „влакно“ беше побрз од Валентино Роси кој задоцни само 11 илјадити делови од секундата.

Маркез во Тајланд испиша историја во „кралската класа“, бидејќи поради грешката што ја направи на третиот тренинг, мораше да го мине првиот квалификациски дел. Тој стана првиот возач што на тој начин ја освоил пол-позицијата.

Шпанецот забележа време 1:30.088 минути, Роси задоцни за 0,011 секунди, а првиот ред на стартот го комплетираше Андреа Довициозо од Дукати.

Зад нив следуваат Маверик Вињалес, Кал Крачолу, Андреа Јаноне, Дани Педроса и Жоан Зарко.
Хорхе Лоренцо по вчерашниот пад не настапи во квалификациите.

Трката во Тајланд се вози в недела со почеток во 9 часот по средно европско време.

Scroll to Top