Top Sport

Роналдо бил убеден дека аферата му ја креирал Флорентино Перез

Кристијано Роналдо минува низ тежок период поради обвинувањата дека ја силувал Американката Кетрин Мајорга, во 2009 година. Истрага се води против Португалецот во Лас Вегас.

Доколку се докаже вината на Португаецот му се заканува долга затворска казна, иако самиот веднаш ги негираше тврдењата што девојата ги изнесе во интервју за германски „Шпигл“.

Италијанскиот весник „Ла република“, денес се занимава со теорија на заговор, односно дека Кристијано бил убеден дека „аферата силување“ му ја наместил претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Наводно Перез на овој начин сакал да му се одмазди што решил да го напушти „кралскиот клуб“.

Scroll to Top