Top Sport

Делпо прв финалист во Пекинг

Хуан Мартин дел Потро без борба избори пласман во финалето на турнирот во Пекинг. Фабио Фоњини поради повреда му го предаде мечот на аргентинскито тенисер.

Италијанецот не настапи поради повреда на скочниот зглоб, па на тој начин Делпо избори пласман во своето 35. финале во кариерата.

За својата 23. титула Делпо ќе се бори против Кајл Едмунд или Николоз Басилашвили.

Тенисерот што ќе го освои турнирот во Пекинг ќе освои 500 АТП поени и ќе заработи 733.320 долари.

Scroll to Top