Фудбалерите на Еибар забележаа победа во Џирона 3:2, во вториот меч од осмото коло во шпанската Примера.
Еибар го забележа третиот триумф, а Џирона третиот пораз, втор на домашен терен оваа сезона.
Мечот започна со голот на Еибар, во раната фаза. Чарлес погоди за 0:1, од пенал, по само 12.минути игра. Пеналот беше досуден по прегледувањето на снимката.
Во финишот на првиот дел Кристијан Стуани направи целосен пресврт со головите во 40. и 42.минута. Вториот гол на Стуани е спорен и ќе предизвика многу полемики, иако судијата ја искористи помошта на ВАР-технологијата.
Бернардо Еспиноза кога тргна да една топка беше во офсајд, а потоа му асистираше на Стуани. Судијата ја прегледа снимката и го призна голот.
Сепак на полувреме се замина со резултат 2:2 откако во четвртата минута од судиското надополнување на времето Арбиља постигна гол за Еибар.
Во второто полувреме Еибар стигна до победа со голот на Енрих во 72.минута.