Ракометарите на Веспрем победија на 17. издание на Светското клупско првенство. Натпреварот се одигра во престолнината на Египет, Каиро.
Веспрем во финалето славеше над минатогодишниот шампион, Магдебург. Натпреварот во регуларниот дел заврши 28:28, на крајот Веспрем славеше 34:33.
За тимот од Унгарија ова беше прва титула светски клупски шампион.
Во победата блескаа француските репрезентативци Фабрегас со девет и Ремили со осум гола.
Најдобар кај Магдебург беше Омар Магнусон кој постигна седум гола.