Top Sport

Бабунски: Целта е да ги победиме овие два натпревари

Извор/ ffm.mk

Македонската репрезентација започна со подготовки за претстојните два натпревари против Летонија (10. октомври) во Рига и Ерменија (13. октомври) во Ереван од групата во Лига на нации.

Македонскиот репрезентативец, Давид Бабунски вели дека целта за нашата најдобра селекција се две победи и потврда на првото место во групата.

„Посочени сме како фаворити во групата, но ние треба да бидеме скромни и да се бориме за шансата која ја имаме. Нема да биде лесно, посебно што играме на гостински терен. Денеска сите го развиваат фудбалот, играат тактички добро. Немаме многу време за подготовки, правиме анализа за да ги идентификуваме нивните слаби страни и се разбира ние да ги искористиме нашите шанси за да ги освоиме сите шест бода“.

Scroll to Top