Легендарниот Андрес Иниеста објави крај на кариерата, а Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона, каде Иниеста настапуваше 16 години, му оддаде почит на еден од најдобрите шпански фудбалери на овој век.
Во соопштението на „кралскиот клуб“, по повод официјалното пензионирање на Иниеста се наведува: „Реал Мадрид, неговиот претседател и раководството на клубот сакаат да и оддадат признание и восхит на една од најголемите легенди на шпанскиот и светскиот фудбал.
Андрес Иниеста го збогати спортот со својата игра и вредности, со сите трофеи што ги освои во текот на кариерата.
Неговиот славен гол во финалето на Светското првенство во 2010 година засекогаш ќе остане во сеќавањето на секој шпански навивач.
Реал Мадрид нему и на неговото семејство му посакува се најдобро во ова ново поглавје во животот“.