Top Sport

Џордан Лојд го напушти Макаби

Поразот од Монако во кој постигна 16 поени беше последниот меч што американскиот кошаркар Џордан Лојд го одигра во дресот на Макаби Тел Авив.

Поранешниот играч на Торонто Репторс, Црвена звезда, Зенит и Монако го раскина договорот со израелскиот тим веднаш по натпреварот во Франција. Лојд и неговото семејство не се чувствувале безбедно во Израел.

„Макаби Тел Авив и Џордан Лојд се договорија кошаркарот да го напушти тимот. Макаби му посакува среќа на Џордан во иднина. Во меѓувреме се враќаме во Израел. Странските кошаркари кои се враќаат за натпреварот против Нес Зион во недела се Леви Рендолф, Џејлен Хорд, Рокас Јокубаитис и Алфа Каба“, изјавија од Макаби.

За потсетување, Лојд летово го напушти Монако каде беше лидер на тимот и потпиша двегодишен договор со израелскиот тим.

Имајќи предвид дека поранешниот кошаркар на Макаби имаше многу забележителни партии на стартот од Евролигата во кои постигна 15 поени против Асвелу и еден повеќе против Монако, нема сомнеж дека бргу ќе најде нов клуб. Интересно најголем фаворит за неговиот потпис е Монако, кој неколку недели ќе биде без Фуркан Коркмаз.

Scroll to Top