Top Sport

Пјатек може да се израмни со Виери, но Батистута е далеку (видео)

Напаѓачката атракција од Полска на Џенова, Кшиштоф Пјатек може да стане првиот фудбалер по Кристијан Виери кој постигнал голови во првите седум меча од Серија А доколку ова попладне успее да го пронајде патот до голот на Парма.

Полскиот напаѓач е во сензационална форма за Грифоне, постигнувајќи осум гола во Серија А во само шест меча. Тој исто така погоди четири пати против Лече во Копа Италија, што значи дека 23-годишниот фудбалер има 12 гола во седум меча откако дојде од тимот на Краковија.

Ако постигне гол против Парма, тој ќе стане прв фудбалер кој постигнал голови во првите седум меча во Италија по Кристијан Виери во 2002/03 за Интер. Бобо тогаш постигна 24 гола во 23 меча таа сезона.

Пјатек, сепак, ќе треба да се помачи да го „фати“ рекордот на Габриел Батистута, откако поранешниот напаѓач на Фиорентина постигна голови во првите 11 голови во сезоната 1994/95.

Scroll to Top