Top Sport

Медведев му го расипа домашниот турнир на Нишикори

Рускиот квалификант, Данил Медведев ја освои својата трета и досега најголема титула, откако со 6:2/6:4 го „смачка“ поранешниот шампион и домашен фаворит, Кеи Нишикори во финалето на Јапонија опен.

Како и против Милош Раонич и Денис Шаповалов, 22-годишниот Русин доминираше од почеток до крај на мечот, диктирајќи ја играта со својот силен сервис и ја обезбеди првата АТП 500 титула и влез во топ 30 првпат во кариерата.

Од другата страна, Нишикори одеше на прва титула од Мемфис во 2016 година, но сега има лоша низа од осум порази во АТП финалиња.

Scroll to Top