Пред натпреварот помеѓу Германија и Холандија на стадионот во Минхен, фудбалскиот сојуз јавно им се заблагодари на Мануел Ноер, Томас Милер, Илкај Гундоган и Тони Крос за се што направија за националниот тим.
Тројца од нив (Ноер, Крос, Милер) учествуваа во еден од најголемите успеси, кога станаа светски шампиони во Бразил во 2014 година.
Четворицата решија да стават крај на кариерите во националниот тим по Европското првенство, а Тони Крос за разлика од овие тројца реши целосно да се повлече од фудбалот.
Сигурно сите четворица оставија голема трага не само во германскиот туку и во светскиот фудбал.
LEGENDS! 🇩🇪
Germany honoured Ilkay Gundogan, Manuel Neuer, Thomas Muller and Toni Kroos, who have all retired from international football ❤️ pic.twitter.com/qWi2Ho8vUy
— Match of the Day (@BBCMOTD) October 14, 2024