Top Sport

Поднесено обвинение против Бенфика за местење натпревари

Португалското правосудство официјално поднесе тужба против фудбалскиот клуб Бенфика од Лисабон за корупциски дела извршени во периодот од 2016 до 2019 година, за местење натпревари.

„Ќе се браниме од овие неосновани обвинувања. Бенфика и нејзините адвокати темелно ќе ги анализираат обвинувањата за кои беа информирани денеска“, се вели во соопштението на клубот.

Бенфика додаде дека сомнежите се однесуваат на „делата што му се припишуваат на нејзиниот поранешен претседател и поранешен советник“.

Главен обвинет во најавениот судски процес е Луис Филипе Виеира, кој раководеше со клубот 18 години, до неговото апсење во јули 2021 година, во друг случај поврзан со нарушување на довербата и измама.

Медиумите објавија дека обвинителството утврдило дека Бенфика и платила на Виторија де Сетубал да ја „пушти“ Бенфика да победи на два натпревари од португалската лига.

Scroll to Top