Аргентина и Бразил забележаа убедливи победи во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство. Во 10.коло победи и Парагвај, а Уругвај ја продлабочи кризата откако не успеа да победи и на четвртиот натпревар во низа.
Аргентина и се реваншира на Боливија на противникот кој им го нанесе еден од најтешките порази во 2009 година, исто така во мундијалските квалификации. На „Монументал“ актуелните светски шампиони славеа со 6:0.
Во 2009 година во Ла Паз на надморска височина од 3.500 метри Боливија ја победи Аргентина со 6:1. Во меѓувреме, Аргентинците ја победија Боливија со 7:0 и 5:0, но во пријателски натпревари.
Овојпат беше поинаку во аргентинската престолнина, а херој беше Лионел Меси кој постигна хет-трик и сега е најдобар стрелец на квалификациите со вкупно шест гола. И тоа на 20-годишнината од дебито за националниот тим.
Асот на Интер Мајами ја затресе мрежата на Боливија во 19., 84. и 86. минута. Стрелци беа и Лаутаро Мартинез во 43. минута, Хулијан Алварез во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме и Тиаго Алмада во 69. минута.
Бразил конечно успеа да забележи убедлива победа. Кариоките славеа против една од најслабите селекции, Перу со 4:0. Првите два гола ги постигна Рафиња. Играчот на Барселона два пати погоди од белата точка. Во последните 20 минути стрелци беа Переира и Луис Енрике.
Уругвај и Еквадор одиграа без голови, додека Парагвај ја победи Венецуела со 2:1.
Табела: