Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона се огласи по повод случувањата во клубот.
Сер Алекс Фергусон веднаш по завршувањето на тренерската кариера остана во Манчестер јунајтед, стана глобален амбасадор на клубот, според кој добиваше над два милиони фунти годишно.
Во вторникот, косопственикот на клубот Сер Џим Ретклиф, директор на нафтената компанија Инеос, неформално го известил легендарниот 82-годишник дека повеќе нема да биде на платниот список, пишува „Атлетик“.
Причина за ваквиот потег е намалувањето на клупските трошоци.
Фергусон ги водеше „црвените ѓаволи“ од клупата од 1986 до 2013 година, освои 13 титули во Премиер лигата, пет ФА Купови и два трофеи во Лигата на шампионите.
Одлуката на Ретклиф предизвика многу реакции во јавноста, а Кантона беше најнемилосрден кон актуелната администрација.
„Сер Алекс Фергусон требаше да прави што сака во клубот до денот кога ќе умре. Толку малку почит. Скандалозно! Сер Алекс Фергусон ќе биде мојот шеф засекогаш! Би ги фрлил сите во една голема вреќа со г***а “, напиша Кантона.