Нигерискиот фудбалер Виктор Бонифејс (23) заврши во болница по сообраќајна несреќа во Германија. Напаѓачот на Баер Леверкузен бил сопатник во Мерцедес кој се судрил со камион во неделата околу седум часот наутро.
Бонифејсј патувал до аеродромот во Франкфурт за да земе пријатели, „Билд“ пишува дека се здобил со полесни повреди на раката. Деталите за повредите на останатите учесници во сообраќајната несреќа не се познати, а Бонифејсј се огласи на социјалните мрежи и напиша: „Бог е голем“.
Возачот на Мерцедесот од замор изгубил контрола над возилото, кое удрило во камион и се превртел.
Бонигејс објави фотографии од смачканиот автомобил, а штетата е проценета на 200 илјади евра.
Бонифејс е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Минатата сезона ја освои двојната круна со Баер и постигна 21 гол на 34 натпревари. Оваа сезона на десет натпревари постигна седум гола, а според „Трансфермаркт“ вреди 45 милиони евра.
🚨 𝗗𝗲𝘀 𝗶𝗺𝗮𝗴𝗲𝘀 𝗳𝗼𝗹𝗹𝗲𝘀 ! 🤯 Victor Boniface 🇳🇬 a survécu à un grave accident de la route cette nuit ! 😱🚗
Les dégâts sont impressionnants mais restent matériels. 🙏
L’attaquant a tenu à rassurer ses fans sur ses réseaux sociaux. pic.twitter.com/RPzpn3ePoA
— Actu Foot (@ActuFoot_) October 20, 2024