Top Sport

(Видео) Инцидент во Истанбул: Со тупаници и метални шипки нападнати навивачи на Јунајтед

Натпреварот од Лига Европа меѓу Фенербахче и Манчестер јунајтед доби увертира на улиците на Истанбул. Хулиганите на турскиот клуб ги нападнале англиски навивачи .

Според извештајот на „Дејли Мејл“, околу 50 хулигани на Фенербахче нападнале симпатизери на Јунајтед пред хотелот Гранд Хисар, кој се наоѓа на километар од плоштадот Таксим.

Очевидци наведуваат дека ги удирале со тупаници, а дел од хулиганите со метални шипки ги повредиле Англичаните.

Еден навивач на Јунајтед го опиша инцидентот „Околу 50 од нив не нападнаа (група од пет), еден дури ме следеше по улицата и се преправаше дека помага додека не ме удри по брадата“, рече тој.

Од друга страна, турските навивачи се обидоа да ги оправдаат своите постапки тврдејќи дека биле испровоцирани од Англичаните.

„Ако одите во странска земја и таму ги навредувате луѓето, тогаш мило ми е што исходот не беше многу полош“, изјави навивачот на Фенербахче.

Scroll to Top