Африканската фудбалска конфедерација (CAF) ги објави имињата на 10 фудбалери номинирани за наградата најдобар фудбалер на континентот.
За наградата се номинирани: Амине Гуири (Рен), Едмонд Тапсоба (Баер Леверкузен), Симон Адингра (Брајтон), Шансел Мбемба (Олимпик Марсеј), Серху Гираси (Штутгарт), Ашраф Хакими (ПСЖ), Софијан Рахими (Ал Аин) , Адемола Лукман (Аталанта), Вилијам Траст Еконг (Ал Холуд) и Ронвен Вилијамс (Мамелоди Сандонс).
Многу интересна селекција, забележливо е дека ги нема напаѓачите на Ливерпул и Галатасарај, Мохамед Салах и Виктор Осимен.
Минатата сезона Салах имаше 25 гола и 14 асистенции на 44 натпревари, а оваа сезона има седум гола и асистенции на 12 натпревари во сите натпреварувања. Минатата сезона Осимен постигна 17 гола со четири асистенции во дресот на Наполи, а оваа сезона во дресот на Галатасарај погоди три пати и запиша пет асистенции на шест натпревари.
Победникот ќе биде објавен на 16 декември во Маракеш, Мароко.
Победникот вообичаено го избира техничката комисија на CAF, новинарите, капитените и тренерите на националните тимови и претставниците на клубовите кои се квалификувале за континенталните натпреварувања.