Анте Ребиќ постигна прекрасен гол, а Лука Јовиќ ја потврди 2:1 победата на Ајнтрахт Франкфурт на гостувањето кај Хофенхајм во неделното дерби во Бундеслигата.
Хрватот Ребиќ во 40. минута токму на асистенција на Јовиќ постигна прекрасен гол за водство на гостите, пред самиот Јовиќ да зголеми на 0:2 на почетокот на второто полувреме.
Ребиќ потоа доби и втор жолт картон, но домаќините успеаја само да намалат во финишот на натпреварот преку Нелсон за трет пораз во низа за тимот на Јулијан Нагелсман (два во Бундеслигата и еден во ЛШ).