Top Sport

Челси (засега) е лидер во Премиер лигата! (видео)

Маурицио Сари и „сините“ се на првото место во англиската Премиер лига, барем до дербито Ливерпул-Манчестер сити, откако се вратија со рутинска 3:0 победа на гостувањето кај Саутемптон во шоу на Рос Баркли и Еден Азар.

Отпорот на „светците“ беше скршен во 30-тата минута, кога Баркли убаво го најде Азар во домашниот шестнасетник и на Белгиецот не му беше тешко да ја затресе мрежата. Баркли имаше шанса да се запише во листата на стрелците во 57. минута, кога по атрактивниот обид на Оливие Жиру ја спреми топката зад голот, за конечните 3:0 да ги постави Алваро Мората откако беше пронајде од Азар во последните моменти од мечот.

Ова е шеста победа во осум меча за Челси во ПЛ и доаѓа по двете ремија за тимот на Сари, кој воодушевува со својот напаѓачки фудбал.

Scroll to Top