Top Sport

(Видео) Наполи победи на „Сан Сиро“ – Лукаку и Кварацхелија му пресудија на Милан

Во дерби натпреварот од 10.коло во Серија А, лидерто Наполи на „Сан Сиро“ го победи Милан со 2:0.

Наполитанците сјајно го запошнаа натпреварот, во петтата минута, по додавањето на Франк Ангуиза меѓу двајцата стопери на Милан, Лукаку го доби дуелот со Павловиќ и ја испрати топката во мрежата за 0:1. Матео Политано во 36.минута имаше шанса но резултатот не се смени.

Седум минути подоцна на семафорот стоеше 0:2. Во главна улога беше Хвича Кварачели, кој со прецизен удар од 20 метри ја испрати топката во долниот лев агол од голот на Мењан.

Алваро Мората постигна гол за Милан во 47. минута, но ВАР го поништи поради офсајд.

Избраниците на тренерот Фонсека се обидоа да се вратат во мечот, прилики кон крајот имаа Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, но не беа сконцентрирани и резултатот остана 0:2.

Наполи е лидер со 25 бода, а Милан со третиот сезонски пораз остана на осмото место со 14 бодови.

Серија А, 10. коло

Вторник:

Каљари – Болоња 0:2 (0:1)
Орсолини 35, Едгар 51

Лече – Верона 1:0 (0:0)
Доргу 51

Scroll to Top