Top Sport

Лапровитола успешно опериран, ќе отсуствува 10 месеци

Николас Лапровитола, кошаркарот на Барселона, се здоби со тешка повреда. Аргентинецот се повреди на натпреварот од четвртото коло на шпанскиот шампионат против Басконија, во поразот на неговиот тим 89:93.

Како што потврдија од Барселона, Лапровитола заработил повреда на предните вкрстени лигаменти и ќе биде надвор од терените во следните 10 месеци, што значи дека ја завршил за сезоната и тоа е лоша вест и за него и за клубот.

Аргентинскиот кошаркар игра за Барселона од 2021 година, веќе има 35 години, а претходно играше за Реал Мадрид, Басконија, Зенит, Хувентуд, Сан Антонио…

„Никола Лапровитола беше успешно опериран и претрпе оштетување на предните вкрстени лигаменти и надворешниот менискус на десното колено. Тој беше опериран во четвртокот во Барселона од д-р Џорди Пујделиво и под надзор на лекарскиот тим на Барселона. За рехабилитација ќе бидат потребни 10 месеци“, објави Барселона.

Scroll to Top