Манчестер сити, Астон Вила и Челси испаднаа од Лига купот на Англија. Пласман во следната фаза изборија Манчестер јунајтед, Арсенал, Њукасл, Кристал Палас и Тотенхем.
Тотенхем успеа да го елиминира Манчестер сити, чии тренер настапи со комбиниран тим, со оглед на тоа дека има голем број на повредени играчи. Ерлинг Халанд целиот натпревар го преседе на клупата за резерви.
Тотенхем дојде до предност со голот на Вернер по пет минути игра, а во 25.минута Сар зголеми на 2:0. Во четвртата минута од надополнувањето на времето во првиот дел Матеус Нунес намали на 2:1.
Во вториот дел Тотенхем имаше три големи шанси да забележи уедлив триумф, но и Сити можеше да изедначи и да дојде до пенали. Во 90.минута Бисума од гол линијата го одбрани својот гол по ударот на Гвардиол.
На „Олд Трафорд“, навивачите на Јунајтед, во првиот меч без Ерик Тен Хаг, видоа феноменално прво полувреме, со дури шест гола.
Се започна со голот на Касемиро во 15. минута, а потоа и на Гарначо во 28. минута, а потоа Ел Канус ги врати „лисиците“ во живот во 33. минута.
Следуваше блицкриг на Јунајтед, со головите на Фернандеш во 36. и Касемиро во 39. пред паузата, во третата минута од судиското надополнување, Куда го намали резултатот на 4:2.
Во продолжението од натпреварот беше миро, а конечниот резултат со својот втор гол го постави Фернандеш во 59. минута.
Малку порано Ливерпул малку се коцкаше, но славеше на гостувањето во Брајтон со 3:2.
Головите на Гакпо во 46. и 63. минута го најавија триумфот на „црвените“. Домаќинот се врати во мечот преку Адинга во 81. минута, но четири минути подцна Луис Дијаз го одби налетот на Брајтон. Во 90. минута Ломпти успеа да ја погоди мрежата на гостите и да го постави конечниот резултат.
Њукасл успеа да го совлада Челзи со 2:0 и да му се реваншира за неделниот пораз во Премиер лигата..
„Страчките“ постигнаа два гола во интервал од три минути, Исак погоди за 1:0, а автогол си постигна Дисас и за 2:0.
Арсенал беше сигурен на гостувањето кај Престон (3:0), а се започна со головите на Хесус во 24 и Нванери во 33 минута.
Прашањето на победникот, ако воопшто постоеше дилема реши Хаверц во 57. минута.
Пласман во следната фаза избори и Кристал Палас кој во Бирмингем ја совлада Астон Вила (2:1).
Палас поведе преку Езе во осмата, за Дуран да го израмни резултатот во 23. минута. Победата на гостите од Лондон им ја донесе Камада во 64. минута.