Сите фудбалски натпревари кои требаше да се играат во регионот на Валенсија овој викенд се одложени поради страшните поплави во кои загинаа најмалку 95 луѓе, соопшти во четвртокот Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ).
Саботните дуели од 12. коло во шпанската Ла Лига меѓу Валенсија и Реал Мадрид, односно Виљареал и Рајо Ваљекано се меѓу одложените натпревари.
„РФЕФ во четвртокот се согласи да се одложат неколку натпревари кои требаше да се одиграат викендов во регионот на Валенсија, кој беше сериозно погоден од поплавите, во кои имаше жртви, а беше направена материјална штета“, се вели во соопштението на националната федерација.
Одложени се и женските, младинските и јуниорските фудбалски натпревари РФЕФ во средата одложи шест натпревари во Копа дел Реј во кои учествуваа клубовите од Ла Лига, Валенсија, Хетафе и Реал Сосиедад, откако властите советуваа да не патуваат во регионот.