Top Sport

(Видео) Борнмут го победи Сити, блиц-криг на Ливерпул против Брајтон, прв триумф за Саутемптон

Во саботата од 16 часот во Премиер лигата се одиграа пет натпревари. Шампионот Манчестер сити првиот пораз во сезоната го забележа во Борнмаут, Брајтон водеше на „Енфилд“ до 69 минута, но на крајот победи Ливерпул, а победија и Саутемптон, прв пат оваа сеозна и Нотингем Форест. „Шумарите“ се искачија на третото место на табелата. . Лестер извлече бод на гостувањето кај Ипсвич во судиското продолжение.

Борнмут, против десеткувануот Сити, одигра речиси беспрекорен меч цели 80 минути. Во последните 10 панично го бранеа својот гол. На крајот и успеаја да го одбранат и прв пат во својата историја во Премиер лигата да го победат Манчестер сити. Од друга страна актуелниот шампион го доживеа првиот пораз во сезоната.

Семењо го постигна првиот гол во деветтата минута. До 64.минута кога Еванилсон го постигна вториот гол, играчите на Борнмут промашија неколку зрели шанси. Четири минути по вториот гол Таверние ја погоди стативата, а во 79.минута непрецизен беше Брукс.

Јошко Гвардиол ја намали негативата на Сити на 2:1 во 82. минута. „Граѓаните“ потоа тргнаа во жесток притосок но не успеаја да го избегнат поразот.

Поразот на Сити го искористи Ливерпул, „црвените“ со триумфот над Брајтон се вратија на лидерската позиција на табелата.

Брајтон одигра извонредно првото полувреме, кое го заврши со гол предност. Кадиоглу погоди во 14.минута. СПоред она што се случуваше на теренот, Брајтон мораше да постигне уште некој гол во првиот дел.

Во вториот Ливерпул се наметна, а до пресврт стигнаа домаќините во интервал од три минути. Гакпо изедначи во 69., а Салах погоди за победа во 72.минута.

Scroll to Top