Top Sport

Ѓоковиќ и Алкараз назадуваа на АТП листата

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ назадуваа за по едно место на АТП листата. Алкараз испадна во осминафиналето на Мастерсот во Париз, а Ѓоковиќ не играше на турнирот кој го освои минатата сезона. На тронот во Париз, по убедливата победа над Уго Имбер го наследи Александар Зверев.

Новак минатата недела не играше во „Берси“, на Мастерсот во Париз, поради што загуби 1.000 бодови.

Пред Ѓоковиќ излезе Данил Медведев, кој сега има 20 поени повеќе. Ѓоковиќ има 5.210, а Медведев 5.230 поени.

Првото место на листата суверено го држи Јаник Синер со 11.330 поени, а промена имаше и на втората позиција.

Веднаш зад Синер е Саша Зверев, победникот на Мастерсот во Париз, кој има 7.715 бодови, додека Карлос Алкараз падна на третото место (7.210).

Тејлор Фриц остана шести на листата, Каспер Руд напредуваше за едно место и сега е седми, а Алекс де Минор напредуваше две позиции и сега е осми играч во светот.

Андреј Рубљов падна на деветтото, а Григор Димитров на 10. позиција.

Scroll to Top