Top Sport

Шоу на Мурињо по триумфот над Трабзон: Играч на натпреварот е невидливиот човек

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, имаше свое шоу по драматичната победа во Трабзон (3:2), во Супер лигата на Турција. Фенербахче побед со голот на Софијан Амрабат постигнат во 102 минута.

„Играч на натпреварот беше Атила Караоглан (судијата во ВАР собата). Невидливиот човек, судијата на теренот беше дете. Атила Караоглан е играч на натпреварот, не сакаме веќе да го видиме на нашите натпревари, ниту во ВАР собата. Многу работи ми кажаа клупските челници кога преговаравме да дојдам во Турција, се уверив дека и полошо од тоа“, истакна Мурињо, а потоа продолжи да критикува.

„Игравме против добар тим, кој се бореше многу добро, но нашата вистинска борба е всушност против системот. Кога го велам тоа, зборувам за сите навивачи на Фенербахче, затоа ја прославивме победата на таков начин“.

Тренерот на Фенербахче на крајот го коментираше и недосудениот пенал за неговиот тим.

„Дали судијата во ВАР собата пиеше кафе во тој момент? Како не го виде тоа. Или можеби пиеше чај кога требаше да се досуди пеналот за нас. Мора да зборуваме за неправдата што се случува овде со години. Ние сме чисти“, подвлече тој.е Мурињо.

Прашање е како ФС на Турција ќе реагира и дали ќе го казни Португалецот.

Scroll to Top