Top Sport

Сензација во Доминикана, фудбалерките до 17 години од Северна Кореја го освоија СП

Фудбалерките на Северна Кореја се новите светски шампионики до 17 години.

Во финалето, во Доминиканската Република, на пенали ја шокираа Шпанија која ја бранеше титулата.

По 120 минути беше 1:1, а потоа хероина стана голманката на Северна Кореја, Ју-гјонг Пак.

Најпрво се истакна со одбраните во текот на натпреварот, а потоа во успеа и да одбрани пенал, во пенал рулетот.

Севернокорејките четири пати беа успешни од белата точка, што беше доволно за златото.

„Горди сме затоа што го победивме најдобриот европски тим и станавме најдобриот тим во светот. Победивме поради нашето единство. Уште еднаш научивме дека ако се бориме како еден, победата е неизбежна“, изјави селекторот Сунг-гвон Сонг.

Пеналот за победа го реализираше Рју-ми Канг, додека Ил-чонг Јун погоди за 1:1 во 66. минута, пет минути откако Сегура ја доведе Шпанија во водство.

Ова е трета титула светски првак за Северна Кореја до 17 години, со што се одвои од Шпанија на вечната листа.

Претходните две титули ги освоија во 2008 година во Нов Зеланд и во 2016 година во Јордан.

Scroll to Top