Милан во вторникот вечерта го изненади фудбалскиот свет и го совлада Реал среде Мадрид со резултат 3:1 во Лигата на шампионите.
Пауло Фонсека, тренерот на Росонерите, даде интересна изјава по натпреварот.
„Никој надвор од Италија не разбира колку е тешко да се игра против италијански клубови. Монца игра цврсто, Каљари исто, што им недостига на другите европски екипи. Многу потешко е да се играат натпревари во Италија. Натпреварите со Монца и Каљари се многу тешки. Потешко е да се игра со италијански тим отколку со Реал Мадрид“, изјави Фонсека.
Милан со победата против Реал се врати во борбата за пласман меѓу 24-те најдобри екипи кои ќе го продолжат натпреварувањето во Лигата на шампионите.