Фудбалерите на Астон Вила доживеаја пораз во Бриж со 1:0, додека Шахтјор по пресврт успеа да го победи Јанг Бојс со 2:1.
Астон Вила во Бриж со максимален учинок во првите три кола, но не делуваше премногу заинтересирана за овој натпревар. Здодевно прво и нешто поинтересно второт полувреме одиграа овие ривали.
Во 52. минута дефанзивецот на Астон Вила, Мингс, на бизарен начин им подари пенал на домаќините. Ванакен го реализираше пеналот и се испостави го постави конечниот резултат.
Во вториот натпревар, во Гелзенкирхен Шахтјор со пресврт го победи Јанг Бојс и ја забележа првата победа во ЛШ.
Имери погоди за Јанг Бојс во 27.минута, четири минути подцна изедначи Зубков, а Судаков во 41. го постави конечниот резултат.