Top Sport

(Видео) Морент го провоцираше Леброн: Не ги сакам Лејкерси

Победата на Мемфис над Лејкерси (131:114) ја одбележа и вербален дуел меѓу најдобрите играчи на двата тима Леброн Џејмс и Џа Морент.

Морент, вели дека секогаш е дополнително мотивиран кога игра против Лос Анџелес Лејкерс.

„Не ми се допаѓаат“, изјави тој по мечот во кој придонесе за победата со 20 поени, но непланирано пред време поради повреда го заврши натпреварот.

„Ме елиминираа од плеј-офот, а минатата сезона кога игравме кон крајот на регуларниот дел не добија кога неиграв поради повреда“, алудираше на првата рунда во плејоф серија и елиминацијата на Мемфис во шест натпревари, а поразот сезона подоцна го потпиша Џејмс со 37 поени.

Публиката „лудуваше“ кога Морент влезе во вербална пресметка со Леброн Џејмс, кој всушност прв започна, кога го испровоцира Морент со гестикулација „мал си“ по постигнат кош, но брзо дојде одгвор од другата страна. Во една од следните акции, Морент поентираше, а потоа го турна Џејмс одзади за да му порача дека се што може да направи се што може и тој. Дека нема да отстапи.

Морент заработи техничка поради неспортскиот потег.

Scroll to Top